Регион

Стопанската комора на Србија го повика стопанството да се вклучи во помошта за Турција и Сирија

09 фев 2023

Стопанската комора на Србија (ПКС) ги повика компаниите - свои членки, во согласност со можностите, да се вклучат во хуманитарката акција за собирање помош за Турција и за Сирија, откако двете земји беа погодени од разорен земјотрес кој однесе преку 11.000 животи. 

Хуманитарната акција ја покрена Српскиот филантропски форум, а поддршката е насочена кон обезбедување храна, вода и лекови, засолниште и привремен престој, помош за децата и за најзагрозените.  

Стопанската комора на Србија во соработка со Српскиот филантропски форум секогаш реагираше во кризни ситуации собирајќи помош за загрозените во Србија, регионот и пошироко, во текот на пандемијата и при природни катастрофи. Да се здружиме и да покажеме солидарност, повикаа од комората и објавија платформи и контакти за собирање донации. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...