Македонија

Повеќе од 650 пакети со помош собрани во акцијата на „Рамстор“ и Меѓународниот балкански универзитет

13 фев 2023

Повеќе од 650 пакети со помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција се собрани во рамките на хуманитарната акција што под мотото „Ние сме со народот на Турција“ што ја организираа Меѓународниот балкански универзитет во соработка со „Рамстор“.

Во акцијата се собрани илјадници парчиња ќебиња, јоргани, перници, зимски јакни и топла облека, чорапи и обувки за жени, мажи и деца, големи количини средства за хигиена, но и конзервирана храна и храна за бебиња, како и други производи што во моментов се неопходни за преживеаните во катастрофата. 

Акцијата која беше спроведена со поставување кутии за донација на повеќе локации: кампусот на Меѓународниот балкански универзитет, во маркетите на „Рамстор“ во моловите во Скопје и Тетово, како и во повеќе маркети на „Рамстор“ во Скопје, Гостивар и Куманово и во Мурат - Пашината Џамија во Старата чаршија во Скопје наиде на силен одѕив кај граѓаните.

Шлепери со донацијата која се собра за четири дена колку што траеше акцијата (од 7 до 10 февруари) во саботата тргнаа за Турција и помошта е доставена до Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД). Детални информации за собраните производи може да се најдат на официјалната страница на МБУ: https://www.ibu.edu.mk/we-are-with-the-people-of-turkey/

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...