Анализи

Германија: „Лидл“ ја заштитува својата линија за снабдување

09 апр 2024

„Лидл“ сака да ја заштити линијата за снабдување со месни производи и да ја засили својата независност од зголемувањето на цените од страна на добавувачите.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Германскиот дисконтер во иднина планира дел од своите месни производи да ги набавува од месните комбинати на сестринската компанија „Кауфланд“. Како што пренесува „Лебенсмител Зајтунг“, еден од правните субјекти за производство, „Кауфланд Флеисшварен дц“, веќе е преименуван во неутралниот „Флеишварен некарсулм“, кој ќе се наоѓа на амбалажата на производите кои ќе се испорачуваат до двата продажни синџири.

 Поголемиот број од водечките трговци на мало во Германија имаат сопствени погони за производство на месо. Според публикацијата на месната индустрија, „Алгемеине флеишер зеитунг“, во 2022 година, фабриките за производство на месо на „Кауфланд“, се рангирани на 13.место помеѓу најголемите производители на месо во Германија и на трето место помеѓу германските продавачи на мало.

Фабриките за месо на „Кауфланд“ оствариле нето приход од 849 милиони евра. „Едека судвест флеисш“, која што е една месарница од седумте регионални задружни лидери на германскиот прехранбен пазар, во истиот период остварила приход од околу 975 милиони евра. Второто место го завзема „Вилхем Брандебург“ на групацијата „Реве“, со 857 милиони евра.

 „Шварц продуктион“ кој што е производен огранок на матичната компанија на „Лидл“ и „Кауфланд“, „Шварц груп“, неодамна ги зголеми сопствените производни можности. Нето приходот на холдинг компанијата „Синдре“, пред која што се консолидирани производните капацитети за малопродажба, во 2022/23 година, според податоците од билансот,  нето приходот пораснал од 33% на 1,65 милијарди евра. Просечниот годишен пораст на приходите во претходниот период изнесувал околу 5% ( види графикон).  „Синдре кг“, произведува чоколада, јаткасти плодови, сушено овошје, пецива и сладолед. Според годишниот извештај на компанијата, во деловната 2022/23 година, холдингот го проширил своето портфолио на производи со кафе и тестенини.

          

 Германските трговци на мало се повеќе се интергираат во производството за да ја засилат својата конкурентска позиција. Пазарниот лидер „Едека“ само во минатата година кон Агенцијата за заштита на конкуренцијата поднел три нови договори: за зголемување на малцинскиот удел во производството на тестото Panem Backtube на мнозински удел, за превземање на полнењето на минералната вода  Petrusquelle и  за преземање на италијанскиот производител на тестенини „Паста реи“.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...