Свет

САД: Пораст на малопродажбата во март

16 апр 2024

 Во март потрошувачката во американските супермаркети бележи пораст, пренесува „СНН“.

Економистите очекувале месечен пораст од 0,4%, а  малопродажбата во март имала пораст од 0,7%,  што е малку помал од порастот во претходниот месец кога изнесувал 0,9%.

 Во истиот период продажбата  преку интернет порснала за 2,7%, додека продажбата во специјализираните продавници и продажбата на гориво пораснале за 2,1%.

 Потрошувачката во рестораните и баровите пораснала за 0,4%, додека пад на продажбата бил забележан во категориите: електроника (1,2%), облека (1,6%) и спорстска опрема (1,8%).

 Малопродажбата во САД забележува последователен пораст седум месеци.

 

Извор: „СНН“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...