Свет

Турција: Раст на инфлацијата во септември

04 окт 2023

Годишната стапка на инфлација во Турција скокна трет пат по ред во септември, на 61,5 отсто од августовските 58,9 отсто, објави Турскиот институт за статистика, Туркстат.

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата - за 92,4 проценти, како и цените во секторот образование - 80,9 проценти и во здравствениот сектор - 79,8 отсто.

Најмалку се зголемени трошоците за домување – за 20,1 отсто, облеката и обувките за 32,5 отсто, како и во областа на комуникациите – за 46,6 отсто.

На месечно ниво цените се зголемени за 4,75 отсто во однос на август.

На почетокот на септември Турција објави среднорочна економска програма од 2024 до 2026 година, во која се предвидува инфлацијата да биде 65 отсто на крајот на оваа година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...