Регион

Србија ја доби единствената фирма за органско чоколадо

05 авг 2020

Компанијата „Чоколама ДОО“ од Белград почнува со производство на сирово органско чоколадо и засега е единствената фирма во Србија која го произведува овој производ.

„Чоколама ДОО“ е основана минатото лето. Нејзините производи можат да се најдат во подобро снабдените продавници за здрава и органска храна во Белград. Сега, со помош на кредит за набавка на опрема од Фондот за развој, „Чоколама“ тргнува во сериозно производство на чоколадо со отворање погон во општина Звездара. 

Капацитетите ќе бидат сосема доволни за да го снабдат нашиот пазар, а ќе бидат и проширени доколку за тоа се укаже потреба, изјави Ана Стојичиќ, сопственичка на фирмата. 

Таа најави дека многу брзо, покрај црното чоколадо кое веќе го има на полиците во продавниците за здрава храна, ќе се најдат уште видови чоколади збогатени со органско овошје, а во план се и ширење на продажбата преку други канали и извоз надвор од Србија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Пораст на приходите на „Меркатор“ и покрај пандемијата

09 сеп 2020

„Нестле“ ја продолжи кампањата „ЗдравоРастеме“

09 сеп 2020

Сопственикот на „Виолета“ вложува 10 милиони евра во „Ласта“

09 сеп 2020

ЕК ја одобри концентрацијата на „Фортенова група“ и „Меркатор“

09 сеп 2020

„Хофер“ - Словенија собра 13.000 евра за прочистување на словенечките води

09 сеп 2020

Словенија го загуби „винскиот“ спор против Хрватска

09 сеп 2020
Вчитува уште новости...