Регион

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

29 јул 2020

Приходите од продажбата се зголемија за 14,10 милиони евра, односно за 5%.

Надзорниот одбор на „Подравка“ ги потврди неревидираните резултати од работењето на групацијата за првото полугодие од 2020 година и изрази задоволство што, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, оствари позитивни резултати речиси на сите нивоа од работењето.

Остварена е нето-добивка во износ од 21,5 милиони евра, што претставува пораст од 15,4%. Остварен е пораст на приходите од продажбата и кај сопствените брендови во износ од 15,8 милиони евра.

И покрај многубројните негативни влијанија предизвикани од коронавирусот, успеавме брзо да го трансформираме работењето. Сепак, периодот што следува ќе биде полно со предизвици и веруваме дека ќе продолжиме со позитивни резултати, нагласи Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“.

Сегментот прехрана забележа зголемување на приходите од продажбата за 9,4 милиони евра, а најголем пораст од повеќе од 6 милиони евра остварија програмите кулинарство и месни производи, јадења и намази.

„Жито“ и „Лагрис“ ги задржаа приходите од продажбата на ниво на минатата година, најмногу поради движењата на приходите во категоријата свежи пекарски производи, примарно на пазарите во Словенија и Италија.

Во поглед на остварување на приходите од продажбата по региони, групацијата најголем пораст од 6 милиони евра забележа во Јадранскиот Регион.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...