Регион

„Сарајевска пивара“ повторно го произведува Lowe

28 мај 2020

Светлото пиво Löwe, кое се произведуваше пред 20 години, повторно се прави во погонот на „Сарајевска пивара“.

Имено, пивото Löwe се произведуваше во најстарата фабрика во БиХ пред речиси 20 години, кога доби бројни награди за квалитет на натпревари, како што е престижниот „Монде селекшн“ во Брисел (2003 година) и во Амстердам (2004 година).

Пивото Löwe го правиме според оригиналниот рецепт, според кој го „вариме“ исто како пред речиси 20 години, изјави Азур Маџука, директор на пиварницата.

Löwe ќе биде достапно во ограничени количества, во стаклени шишиња од 0,5 литри.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...