Регион

Иновативна амбалажа за онлајн купување

09 апр 2020

„Елог“ претстави иновативна повеќекратна амбалажа за онлајн купување.

Новиот модел компанијата го нарече „носилка“. Изгледа како гајба, но е дизајниран така што со своите технички карактеристики се погодни за подготовка на стока и испорака до крајните потрошувачи.

Носилките се цврсти и лесни, имаат закачалки за фиксирање на кесите во кои се спакувани производите што ги прави идеални за оваа намена, соопштија од „Елог“. 

Исто така, можат да се соберат една во друга или да се расклопат, па кога се празни штедат простор во магацините или во возилата за достава. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...