Регион

Фабриката „Ласта“ го продолжи производството

03 јул 2019

Фабриката за кекси и вафли „Ласта“ од Чапљина го продолжи производството, пренесе „Чапљински портал“.

Вратите на оваа фабрика беа затворени од јануари минатата година. „Ласта“ не работеше се додека на последната аукција пред околу две недели не доби нов сопственик, а тоа е компанијата “Виолета“. 

Можам да кажам дека фабриката продолжува со производството, изјави стечајната управителка Бехрија Хусеинбеговиќ, која ја водеше постапката за „Ласта“.

Ова беше четврта аукција за продажба на недвижноста, опремата и нематеријалниот имот на „Ласта“. Оваа компанија во стечај на почетокот на годинава повторно го почна производството со надеж дека ќе најде стратешки купувач кој ќе ги „оживее“ погоните и ќе обезбеди работа за работниците. 

Производството во фабриката беше запрено кон крајот на 2016 година, кога тогашниот директор Иван Рагуж им рекол на работниците дека почнува колективниот одмор. Прекинот на производството беше обелоденет на 26 јануари минатата година и оттогаш фабриката не работеше.  

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...