Регион

„Лидл“ го зголеми капиталот во Црна Гора на 21,5 милиони евра

23 мар 2023

Компанијата „Лидл“ - Црна Гора, која ќе управува со синџирот маркети на познатиот германски трговски синџир го зголеми капиталот на 21,5 милиони евра. 

Според податоците со кои располага порталот „Инвеститор“, промената на капиталот е пријавена на 9 март оваа година. Претходно компанијата располагаше со основен капитал од 6,5 милиони евра. 

Компанијата сега е во фаза на пронаоѓање и купување недвижности ширум Црна Гора, а според податоците, досега успеале да завршат работа за две локации - две во Подгорица и една во Никшиќ. 

Претходно беше објавено дека „Лидл“ би можел да отвори синџир од околу 20 маркети ширум Црна Гора и да отвори околу 1.000 нови работни места, а првичните најави беа дека тоа би можело да се случи до крајот на 2023 година. 

Извор: b92.net
Фото: unsplash/K. Mitch Hodge



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...