Регион

„Сапониа“ го припои „Меркос“

19 сеп 2022

Хемиската, прехранбена и фармацевтска индустрија „Сапониа“ и компанијата за внатрешна и надворешна трговија „Меркос“ склопија договор за спојување врз основа на кој „Меркос“ се припојува кон „Сапониа“, објави „Загребска берза“. 

Договорот е склопен пред четири дена, на 15 септември, како „спојување во посебни случаи“ според член 531 од Законот за трговски друштва. 

Според него, „Сапониа“ е единствен член на споеното друштво и држи единствен деловен удел во вредност од 10.799.900 хрватски куни што е 10 отсто од темелниот капитал на „Меркос“.

Договорот за спојување е примен и во судскиот регистар на Трговскиот суд во Осиек.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...