Регион

„Лидл“ - Србија се вклучи во кампањата на УНИЦЕФ

20 јул 2021

„Лидл“- Србија ја поддржа кампањата за подобри услови за предвремено родените бебиња, што ја спроведува УНИЦЕФ. 

Трговецот придонесе со тоа што донираше 13 инфузиони пумпи за неонаталните одделенија во здравствените установи во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. 

Инфузионите пумпи се современи медицински апарати кои се користат при давањето интравенска терапија, со што се овозможува целосна контрола над правилното дозирање лекови и раствори и се намалува можноста за пропусти во терапијата.

Под мотото „Одржливо работење за подобро утре“, ние, како општествено одговорна компанија, ќе продолжиме да ги следиме потребите на заедницата и да помагаме онаму каде помошта е неопходна, соопштија од „Лидл“ - Србија.  

Кампањата се спроведува за опрема и модернизација на единиците за неонатална интензивна нега. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...