Регион

Нова онлајн платформа за компаниите од регионот

23 јун 2021

Стопанската комора на Србија (ПКС) на 25 јуни организира онлајн конференција на која ќе бидат претставени програмите за поддршка и кредитните линии за мали и средни компании од Западен Балкан, како и можностите за финансирање преку ризичен капитал (вентур капитал). 

Конференцијата ќе се одржи на иновативната онлајн платформа ФИННО наменета за развој на компаниите од регионот. Основна идеја за воспоставување на ФИННО платформата беше на малите и средните компании да им пружиме целосни информации за достапните извори на финансирање од европските и регионалните фондови и програмите за финансиска поддршка, соопштија од Стопанската комора на Србија. 

Платформата, освен изворите за финансирање на деловни проекти, содржи и актуелни повици и вести, база на понуда и побарувачка и можност за поврзување на компаниите за развивање на технологија и иновации. Целта е на едно место да се најдат сите потребни информации за развој на иновативноста, конкурентноста и работењето на компаниите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрвтаска и Словенија. 

 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...