Регион

„Кауфланд“ секоја недела донира намирници

17 јун 2021

„Кауфланд“- Хрватска секоја недела донира намирници кои се пред истек на рокот на траење за да го намали прекумерниот отпад од храна. 

Вкупно 36 продавници на трговецот соработуваат со посредници во донирањето храна (како што се црковни организации) кои двапати во неделата го собираат овошјето, зеленчукот и пекарските производи од маркетите и ги доставуваат таму кај што е потребно. 

На тој начин создадовме можност за чести донации. Драго ни е што ги оптимизиравме работните процеси, а уште поголемо задоволство е кога потполно ќе го локализирате донирањето бидејќи на тој начин можеме да бидеме уште подобар партнер на заедниците во кои работиме, соопштија од „Кауфланд“. 

Во 2020 година, „Кауфланд“ донираше преку 80 тони овошје и зеленчук во хрватскиот Црвен крст. Бројките за 2021 година се очекуваат да бидат поголеми. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...