Регион

„Атлантик група“ првиот квартал го одбележа со лансирања на нови производи и стабилност во работата

29 апр 2021

„Атлантик група“ во првиот квартал од 2021 година забележа уште помал пад на приходите од продажба, кој изнесува 167 милиони евра, што е за 2,4% во однос на истиот период од 2020 година. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) изнесува 22,4 милиони евра и пониска е за 7,4%, додека нето добивката изнесува 11,3 милиони евра и бележи пад од 5,3%.

Благиот пад во однос на споредливиот период од минатата година се должи на значителните ограничувања во работењето на рестораните и другите мерки за борба против пандемијата, што влијаеше на намалената потрошувачка надвор од потрошувачките домови во текот на првиот квартал од оваа година, но и на зголемената продажба на одредени категории, пред сѐ, Argeta и аптеките, во март минатата година, поради создавање на залихи на домаќинства по избувнувањето на пандемијата.

Задоволни сме од резултатите остварени во првиот квартал од 2021 година. „Атлантик група“ покажа отпорност на криза и стабилност во деловниот модел, што го препозна и пазарот на капитал и успеавме да ја оствариме историски највисоката цена на акции на Загребската берза. И покрај кризата, продолжуваме со планираните инвестиции потребни за долгорочен раст, меѓу кои се издвојува инвестицијата во новата фабрика Argeta во околината на Вараждин. Особено сум задоволен од лансирањето на два комплетно нови брендови развиени во „Атлантик група“ – висококвалитетно млечно чоколадо Jimmy Fantastic и пакет производи базирани на овесна каша Boom Box. Нашите приоритети во неизвесниот период на развој на пандемијата остануваат исти – здравјето и безбедноста на нашите вработени, обезбедување на непречено продолжување на производството и континуирано снабдување на нашите клиенти и потрошувачи, како и општествена одговорност во најширока смисла , изјави претседателот на Управата, Емил Тедески.

„Атлантик група“ во март го започна вложувањето во изградба на нова фабрика под производниот бренд Argeta  на подрачјето на општината Кнегинец во околината на Вараждин. Инвестицијата во вкупна вредност од околу 50 милиони евра започна со купување на земјиштето и ќе се одвива во неколку фази, а новиот произведен погон според планот би требало да биде пуштен во функција во рок од 15 месеци од добивањето на градежна дозвола. Реализацијата на сите фази од проектот планира и отворање до 150 нови работни места. На пазарите во Хрватска и Словенија исто така е лансиран и нов бренд, чоколада Jimmy Fantastic, а за лансирање е подготвена и палета на производи на база на овес под брендот Boom Box.

Во продолжение на годината компанијата ќе продолжи да се фокусира на зајакнување на позициите на препознатливите регионални брендови, интернационализација (примарно Argeta и Donat), поддршка на новите брендови, развој на дистрибуциското работење и можни спојувања и аквизиции.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...