Регион

Во Крешево наскоро и производство на пиво

29 апр 2021
Покрај сокови, наскоро ќе се произведува и пиво во Крешево.
 
Ова го потврди Свјетлан Станиќ, сопственик на „Станиќ беверџис“, компанија што е дел од групацијата „Станиќ“ и која вработува повеќе од илјада работници во БиХ и Хрватска.
 
Иако пандемијата нè забави, можам да кажам дека изградбата на пиварницата во Крешево е во завршна фаза и треба да биде во функција во следните две години. Ова е еден од нашите проекти за кој се зборува подолго време и кој наскоро ќе го реализираме, рече Станиќ.
 
Неодамна од компанијата објавија дека вложуваат околу 1,4 милион евра во модернизација на производствениот погон на фабриката за сокови во Крешево со цел да го подигнат квалитетот на производството според највисоките европски и светски стандарди.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...