Регион

Хрватска за шест години заштити 31 производ

15 апр 2021

Хрватска има 31 земјоделски и прехранбен производ чиј назив е регистриран со заштитена ознака за географско потекло на ниво на ЕУ, со што го зазема 9 место во Европа по вакви регистрации. 

Министерството за земјоделство на Хрватска соопшти дека во постапка е заштита на уште 21 назив. Крајната цел, освен регистрација на ознаката, е додатната вредност на производот што производителите го користат во пласманот, маркетингот и постигнување подобра цена, но и подигнување на конкурентноста на локално ниво и на ниво на ЕУ. 

Во исто време, континуирано се работи и на промоција на домашните традиционални производи низ разни информативно-едукативни активности, продажни манифестации и саеми. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...