Регион

Најголемиот европски онлајн трговец стигнува во Хрватска

12 апр 2021

Европската онлајн платформа „Заландо“, инаку најголема европска интернет продавница според приходи, наскоро ќе стигне во Хрватска. Од јули Хрватите ќе можат да нарачуваат преку платформата која веќе е достапна во 17 земји. 

Вклучувањето на Хрватска и на уште седум други земји значи дека производите направени преку „Заландо“ ќе стигнуваат и во тие земји, на платформата ќе ги има и нивните јазици, а домашните производители ќе можат да ги понудат своите производи и брендови, и тоа не само во Хрватска. 

Компанијата е основана во 2008 година, а има приходи кои се мерат во милијарди и добивка која се мери во стотици милиони евра. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...