Регион

Хрватите и Словенците заедно го брендираат овчото сирење од Истра

25 фев 2021

Хрватските и словенечките производители на овчо сирење од подрачјето на Истра покренаа иницијатива за заедничко брендирање на својот производ во Европската Унија, потврди словенечката влада. 

Намерата е истарското овчо сирење од ЕУ да добие потврда за заштитено потекло. 

Истарското овчо сирење може да се произведува само на подрачјето на Истра. За производство се користи сирово или пастеризирано млеко од овци одгледувани исклучиво на тоа земјоделско подрачје. 

За да се постигне заштита, овците мораат да се хранат исклучиво на пасишта, со можност за прихрана со сушена луцерка, сено и жито, како грубо мелена пченка, јачмен и зоб. Својствата и квалитетот на истарското овчо сирење се резултат на полуекстензивниот метод на одгледување овци и долгата традиција на неговото производство на бреговите на Словенија и Хрватска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...