Регион

БиХ: Порасна домашното производство на средства за дезинфекција

17 ное 2020

Вредноста на увозот на средства за дезинфекција и лична хигиена, како и на средствата за перење и чистење, во Босна и Херцеговина за првите 10 месеци од годината е намалена за 16 милиони конвертибилни марки(КМ) отколку во истиот период минатата година.

Помалку се увезени средства за хигиена на уста и заби, пасти и конци за чистење заби, и тоа за 1,6 милиони КМ помалку отколку лани.  

Компаниите во БиХ кои се занимаваат со производство на средства за дезинфекција и лична хигиена велат дека оваа година работат подобро бидејќи производството им е зголемено за 50 отсто. Драган Ждрња, директор на производство во компанијата „Дукат“, кажа дека производството кај нив е удвоено. 

Производството порасна значајно, а со самото тоа и продажбата, иако нашата компанија до појавата на коронавирусот немаше директно производство на дезинфекциски средства кои се користат за раце и за површини, туку се вградени во други производи, изјави Ждрња. 

Иван Гарван, економски аналитичар, истакна дека зголемената побарувачка ширум светот предизвика недостаток на средства за дезинфекција и домашната потрошувачка беше приоритет во однос на извозот, додека во БиХ конечно е отворен простор за домашните производители да ги пласираат своите производи на домашниот пазар, а некои дури и да ги извезуваат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...