Регион

„Арабеска“ донираше 100 килограми кафе во хрватските болници

14 ное 2020

Вкупно 100 килограми кафе Arabesca Minas добија неколку клинички болници во Хрватска, како благодарност за медицинскиот персонал за нивните напори во време на пандемија.

Лекарите и медицинскиот персонал веќе подолго време се изложени на посебни напори, па во овие денови, повеќе од секогаш, им се потребни дополнителна мотивација, енергија и елан за да можат успешно да ја пребродат моменталната криза, соопштија од „Арабеска“.

Во донацијата беа вклучени Клиниката за инфективни болести „Фран Михајлевиќ“, како и клиничките болници во Загреб, Сплит, Риека и Осиек. 

Филџан кафе многу пати ни помогнал во тешки или стресни ситуации или едноставно, ни послужул како филџан утеха. Оваа донација е и знак на благодарност до медицинските работници и дека сме 100 отсто покрај нив во надеж дека нашето кафе барем малку ќе им ги олесни работните денови и ноќи, соопштија од „Арабеска“.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...