Регион

„Еуромит“ инвестира во фабрика во Маглај

27 окт 2020

На местото на поранешниот трговски центар во Маглај, кој не беше целосно користен во годините по поплавата, наскоро треба да почне преработка и дистрибуцијa на црвено месо, кое својот пазар ќе го најде и во Австрија.

Вредноста на инвестицијата во Маглај е околу 1,5 милиони евра, а ќе се отворат и нови работни места за граѓаните на Маглај.

„Еуромит“ посочува дека идејата за почнување на овие погони во Маглај се појави пред околу една година: Во овие погони ќе имаме преработка и дистрибуција на црвено месо. Со анализа на пазарот, сфативме дека недостасува соодветно снабдување на малопродажните места во БиХ со црвено месо, во вакуумско пакување и со продолжен рок на траење. Денес немате можност да купите одредени делови од црвено месо, и од тие причини инвестираме во нови погони, а ќе ја користиме нашата веќе развиена дистрибутивна мрежа, изјави инвеститорот Един Јабанџиќ, директор на „Мади“, во чии рамки работи „Еуромит“.

Тој исто така посочи дека приоритет е пазарот и пласманот на халал производи во Европската Унија, а во наредните години и отворање на кланица.

„Еуромит“ планира да ги отвори вратите на почетокот на ноември и да ги лансира своите први производи на пазарот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...