Регион

Христо Стоичков е заштитно лице на „Т маркет“

20 окт 2020

Светски познатиот бугарски фудбалер Христо Стоичков е новото заштитно лице на синџирот продавници „Т маркет“.

Ѕвездата на бугарскиот фудбал е првиот и единствен избор на брзорастечката компанија „Максима“ – Бугарија за заштитно лице на трговскиот синџир. Неодамна, „Т маркет“ ги сними првите рекламни видеа со Стоичков, а тој ќе биде дел и од секоја рекламна кампања.

Изненадувањата за нашите купувачи ќе бидат уште поинтересни, затоа што ќе бидат претставени од овој уникатен и харизматичен човек, со неверојатни квалитети и брилијантна кариера. Веруваме дека присуството на Христо Стоичков секогаш е гаранција за успех, коментира Петар Павлов, генерален директор на „Максима“ – Бугарија.

Синџирот „Т маркет“ ја почна кампањата „Избери Блгарија“, која има цел да ги поддржи бугарските производители и земјоделци во текот на кризата со пандемијата. Слоганот „Наше си е“ е главната порака на кампањата.

„Т маркет“ е присутен на бугарскиот пазар од 2005 година. Во моментов во компанијата се вработени повеќе од 2.200 луѓе.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...