Македонија

Отворен е првиот „Кипер“ во Охрид

04 авг 2020

Хард-дисконтерот „Кипер“ на 23 јули го отвори првиот маркет во Охрид, кој е лоциран на улицата Партизанска бб, веднаш до „Тутунска банка“.

Новиот маркет се простира на продажна површина од 438 квадратни метри, а располага и со дополнителен магацински простор од 180 квадратни метри. Асортиманот го сочинуваат околу 1.600 артикли. За услугата се грижи персонал од деветмина вработени, а потрошувачите имаат на располагање три наплатни каси.

Досега продажната мрежа на „Кипер“ ја сочинуваат 49 маркети, а како што откриваат од менаџментот за InStore, на 10 август ќе бидат отворени уште два маркета – еден во Охрид и еден во скопската населба Ченто.

Гордо сакаме да најавиме дека го продолжуваме интензивно проширување на продажната мрежа на македонскиот пазар со пораката „Киппер е добар избор и блиску до вас“, истакнуваат од менаџментот на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Четвртиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен во недела

21 сеп 2020

Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...