Македонија

ДЗС: Во април поскапеа зеленчукот, овошјето, лебот, маслото...

08 мај 2020

Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени вчера, индексот на трошоците на животот во април 2020 година, во однос на претходниот месец изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 99.5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 9.0 %, рибата и морските плодови за 1.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.9 %, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0.8 %, пивото за 0.6 %, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0.5 %, лебот и житата за 0.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.3 % и јогуртот за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај газираните пијалаци за 0.3 % и помалку масното млеко за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи намалување од 0.1 %, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.3 %.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...