Македонија

„Тинекс“ воведе испорака во уште 9 градови

08 апр 2020
Според новите мерки за ограничување на движењето што почнуваат од 16 часот денеска, сите маркети на „Тинекс“ ќе работат со ново работно време од 7 часот до 15 часот од понеделник до петок, освен интернет продавница која ќе биде отворена секој ден со термини од 08.30 часот до 21.30 часот.
 
Со цел да помогнеме на што поголем број на потрошувачи да се снабдат со потребните производи и покрај зајакнатите мерки за ограничување на движењето, го прошируваме системот за достава на нарачки и ќе воведеме дополнителни опции за испораката на производи во уште девет градови низ Македонија, покрај достава во Скопје и Куманово, како Битола, Струга, Охрид, Кавадарци, Тетово, Прилеп, Штип, Кочани и Струмица, информираа од компанијата за InStore. 
 
Дополнително, во шест  поголеми супермаркети во Скопје ќе биде воведена опција за “order&collect” која им овозможува на потрошувачите да направат нарачка преку интернет продавницата на „Тинекс“ и истата самите да ја подигнат во некој од назначените маркети. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...