Македонија

Општините ќе одредат кои маркети ќе доставуваат продукти во текот на полицискиот час

07 апр 2020

Општинските кризни штабови ќе треба да определат маркети од каде ќе се обезбедуваат граѓаните за време на продолжениот полициски час, објаснија од Владата преку соопштение до медиумите.

Според одлуката од 36-тата владина седница, од утре полицискиот час за сите граѓани во работните денови ќе почнува во 16 часот и ќе завршува во 5 часот, а во викендите ќе има целосна забрана, односно полициски час од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Во периодот на полицискиот час, од маркетите определени од општините продукти ќе доставуваат маркетите или волонтери, а фирмите што веќе вршат достава на храна преку онлајн нарачки ќе доставуваат и во сабота и недела.

Сите државни органи и институции и претпријатија, но и општинските власти, кои имаат вработени во Скопје што живеат во други градови и доаѓаат во главниот град на работа, ќе треба тие вработени да ги упатат на задолжително работење од дома. За останатите вработени, работното време ќе мора да се планира така сите тие да стасаат дома пред почетокот на забраната во 16 часот.

Од новите мерки се исклучени вработени во здравствените институции, полицијата, армијата, царината, како и земјоделците и сточарите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...