Македонија

Македонија е на 28 место во извозот на вино

08 јул 2019

Македонија се позиционира на 28-мо место во светот по извозот на вино, покажуваат статистичките податоци за минатата година.

Лани, извозот на вино од земјава достигна 60,2 милиони долари или 0,2 отсто од вкупниот извоз. 

Лидер е Франција со извоз од 11 милијарди долари или 29,5% учество во вкупниот извоз во светски рамки. Потоа следуваат: Италија (7,3 милијарди долари), Шпанија (3,5 милијарди долари), Австралија (2,2 милијарди долари) и Чиле (две милијарди долари).

Регионално, во подобра позиција од нас е Грција со извоз на вино од 97,5 милиони долари.

Зад нас се: Бугарија (на 33-то место и извоз од 37,1 милиони долари), Србија (43-то место и извоз од 20,2 милиони долари), Хрватска (44-та позиција и 19,1 милиони долари), Словенија (46-та во светот и 19,1 милион долари извоз), Црна Гора (49-та и 13,7 милиони долари извоз на вино), Турција (51-ва позиција и 10,1 милион долари извоз) и Албанија (72-ро место и 1,1 милион долари).

Од вкупно 149 земји во светот, на дното од листата се најдоа Авганистан, Ангола и Лаос, со извоз на вино од по само 1.000 долари за 2018 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...