Македонија

„Макпрогрес“ ја презема „Дониа“

22 Sep 2017

Виничката кондиторска компанија „Макпрогрес" потпиша договор за стопроцентно преземање на прилепска „Дониа".

Асортиманот на „Дониа", компанија која е основана во 2001 година, го сочинуваат бонбони, бисквити и кекси. Производите се достапни на домашниот пазар, а половина од вкупното производство, компанијата извезува надвор од земјата.

Од „Макпрогрес" сметаат дека преземањето на кондиторската фабрика „Дониа" ќе го зајакне брендираниот асортиман на виничката компанија, односно ќе биде дополнителен импулс за интернационализација на бизнисот.

Понатамошниот развој на „Дониа" и на производите во асортиманот, бараат значителни инвестиции и во тој поглед, сметаме дека сме сериозен соговорник кој ја разбира природата на нивната работа, начинот на кој работат, вредноста на брендовите, но и потребата од континуирано вложување во нови и подобрени развојни линии, стои во соопштението на „Макпрогрес", во кое се истакнува дека како стратешки инвеститор, компанијата совесно ќе управува со брендовите на „Дониа", ќе работи на развивање на продуктното портфолио и ќе ги унапредува пазарните позиции на домашниот и на странските пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...