Македонија

Бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 жени вработени во „Витаминка“

17 мар 2023

„Витаминка“ обезбеди бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за над 300 жени вработени во компанијата. Прегледите се спроведуваа во просториите на самата компанија, за што беше донесена потребната опрема, ехо-апарат и медицински персонал за спроведување на прегледите од ПЗУ „Интермед арт“ од Скопје, соопштија од „Витаминка“.

Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни простории.

Бесплатните ехо-прегледи е активност што „Витаминка“ ја спроведува по вторпат со намера да прерасне во редовна пракса. 
Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш ни била приоритет број еден. Оваа активност ја реализираме со цел да придонесеме за здравствената добросостојба на жените од сите возрасти вработени во компанијата и да апелираме за поголема здравствена грижа. Преку бесплатниот ехо-преглед на дојка и тироидна жлезда ќе поттикнеме на самосвесност за потребата од редовни прегледи и ќе ги охрабриме за поголема грижа и свесност за сопственото здравје. Веруваме дека со еден ваков чекор ќе ја подигнеме свеста за грижа за здравјето, за превенција од рак на дојка и ќе ги мотивираме и останатите компании и организации да вложуваат во своите вработени
, соопштија од „Витаминка“.  

Од таму нагласуваат дека оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...