Македонија

Нов магацин на компанијата „Ники комерц“

20 јун 2022

Прилепскиот дистрибутер на безалкохолни и алкохолни пијалаци, кафе и тутун, го отвори новиот проширен магацин.

На улица Карпалак бр.10 во Прилеп отворен е новиот магацин  на „Ники комерц“. Новиот објект е со големина од 780 м², на земјиште од 3.000 м². Инвестицијата вредна околу 350.000 евра обезбеди 4 нови вработувања.

Ја завршивме првата фаза од инвестицијата со изградба на 780 м². Во втората фаза планираме да се изгради уште еден објект од 700 м², за што се платени и комуналии за градба, изјави за InStore еден од сопствениците Костадинчо Зероски.

„Ники комерц“ почна со работа во 2000 година со дистрибуција на пиво и сокови. Во 2003 година го проширува своето работење со отворање на дисконт за пијалаци, кафе и тутун. Компанијата главно работи со дистрибуција на пијалаци во хорека-секторот, односно 70% од работењето, но има одлична соработка и со маркетите или 30% од работењето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...