Македонија

Ќе се зголеми ли цената на свинското месо?

19 мај 2022

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат да се зголеми цената на свинското месо, од сегашните 100 денари за килограм жива мера, на 150 денари.

Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

Ние како производители на свинско месо бараме да се зголеми цената, но се уште нема ништо. По месарите и супермаркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е зголемена 100 посто, а исто така и струјата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, изјави Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи. 

Тој посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...