Македонија

„Жито пром“ ги претстави новите колачи 4U на саемот „Ануга“ во Келн

15 окт 2021

„Жито пром“ – Гевгелија учествуваше на најголемиот саем за храна и пијалоци „Ануга“ во Келн, Германија Годинашното мото на саемот беше „Вкуси ја иднината“, што кореспондира и со новата линија колачи на „Жито пром“.

„Ануга“ како еден од најголемите светски водечки саеми се организира повеќе од 100 години. Фокусот на саемот се нови, иновативни производи и трендови. Како дел од тоа имавме шанса покрај постоечките производи – кроасаните, да ја презентираме и новата линија на колачи која како проект е поддржана од Фондот за иновации. Проширената палета брои 10 нови производи во две категории – традиционални колачи со вистински путер и функционални колачи збогатени со состојки корисни за здравјето. Средбите и квалитетот на новите контакти контакти што таму ги остваривме, ги надминаа и нашите очекувања. Веруваме дека покрај постоечките 20 пазари каде што извезуваме, нашите производи ќе се најдат и на полиците во многу други земји, изјави  Татјана Танева - Новаковска, бизнис менаџер на „Жито пром“.

„Жито пром“ е семејна компанија од Гевгелија со речиси 25 годишна традиција. На македонскиот, но и на над 20 странски пазари се препознатливи по брендот 4U. Вкусот и квалитетот на новите колачи 4U наскоро ќе биде претставен и пред потрошувачите во Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...