Трговската размена за периодот од јануари до јули годинава изнесува 9.440.427.000 евра, соопшти Државниот завод за статистика.
Извозот достигнал 3.996.058.000 евра, што претставува пораст за 34,6% во споредба со истиот период лани, а увозот е 5.444.369.000 или 34% повеќе. Трговскиот дефицит од јануари до јули 2021 година, изнесува 1.448.311.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз во истиот период изнесува 73,4 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите седум месеци годинава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Кина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.