Македонија

ПИОМ: Неуспешна испораката на листите за стаж на вработените до околу 600 компании

31 авг 2021

До близу 600 компании не стигнала електронската порака од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување со листата за стаж и плата на осигурениците.

Од Фондот за ПИОМ ги повикуваат фирмите за кои дистрибуцијата била неуспешна да се обратат до раководителот на соодветната филијала, односно деловница на за да ги преземат фајловите со листи за стаж и плата на мемориски стик (УСБ).

За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака. Неопходно е обврзниците да преземат соодветни мерки за отстранување на причините заради прием на тековните фајлови, но и соодветни прилагодувања на сопствената инфраструктура за информатичка технологија и комуникации, за да можат да ги примаат листите во редовна процедура, велат од Фондот и појаснуваат дека имејл адресите на кои се праќани податоците се преземени од Централниот регистар.

Обврзниците кои не добиле фајл со листите за стаж и плата, а ги нема на објавената листа за неуспешна дистрибуција, треба да направат контрола и корекција на податоците во Централниот регистар на РСМ како подготовка за следниот циклус, а потоа да се обратат до раководителот на филијалата или деловницата на Фондот на ПИОСМ надлежна за нивната територија за да ги преземат листите за овој циклус.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...