Македонија

Новo од „Тиквеш“ – шприцер во лименка

16 јун 2021

Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производ на пазарот, шприцер во лименка. Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер.

Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел – следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производи со кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите, поместувајќи ги притоа стандардите во индустријата и потрошувачката на вино во земјата, изјави Радош Вукиќевиќ. генерален директор на „Тиквеш“. 

Новиот освежителен пијалак содржи 5% алкохол и се препорачува да се консумира разладен. Спакуван е во лименки од 330 мл, што му дава дополнителна практичност. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...