Македонија

Кампања на „Алкалоид“: Со преглед на видеoто „Чукни во дрво“ донирате за Детска клиника

10 јун 2021

„Алкалоид“ низ видеоспот во кој деца ја пејат антологиската „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски, го одбележува 85. роденден, со тоа што за секој преглед на видеоспотот компанијата ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

Приказната во видеоспотот тргнува од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за категории граѓани и професии кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме“, Здравјето пред сѐ“, поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до здравствените работници, полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците… и други.

Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници, се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, за комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата, соопштија од „Алкалоид“.

Со ова воедно популарната македонска песна „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија, а авторот Влатко Стефановски довербата овојпат им ја даде на најмладите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...