Македонија

Донација од „Везешари“ и „Лекер“ за Рамазан и за Велигден

29 апр 2021

Компаниите „Везешари“ и „Лекер“ донираа 350 пакети со свои производи во социјалните центри за најзагрозените семејства. 

Оваа социјална категорија на луѓе сакаме да ја направиме безгрижна и да изнудиме насмевки барем на најголемите два празника светиот месец Рамазан и Велигден. Празниците се период на споделување и помагање, она што ние се трудиме да направиме е барем за најзначајните празници семејствата да имаат соодветна трпеза, соопштија од компаниите. 

 Овогодинешната донација е реализирана во соработка со социјалните центри во сите градови од земјата и со Министерството за труд и социјална политика. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...