Македонија

„Халбанк“ ја поддржа платформата на Mastercard за поздрава планета

19 апр 2021

Mastercard и „Халкбанк“ АД Скопје  ја објавија новата акција на Priceless Planet, платформата која ги обединува корпоративните заложби за поздрава планета и овозможува значајни инвестиции за заштита и подобрување на животната средина.

„Халкбанк“ заедно со партнерите од коалицијата Priceless Planet ќе учествува во заложбата за засадување на 100 милиони дрвја во светот во следните пет години. Мисијата на оваа коалиција е „Добро работење преку правење добри дела“. Во глобалната мрежа учествуваат светски познати банки и компании.

Чест ни е што сме дел од коалицијата Priceless Planet предводена од Mastercard. Како банка за која најважни се луѓето и нивната добростојба, заложбата за поздрава животна средина и намалување на штетните ефекти кои влијаат на сите, ни е од огромна важност. Ние и понатаму продолжуваме со вложувањата во еколошки процеси на работа и ги повикуваме нашите клиенти да не следат во заложбата за поздрава планета, изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на „Халкбанк“. 

Коалицијата Priceless Planet која ја лансиравме на глобално ниво е една од нашите најзначајни кампањи за општествена одговорност. Mastercard со партнерите достигнува бројка од околу 3 милијарди корисници на приватни и корпоративни картички. Еден од главните елементи на оваа огромна одговорност за нас е да ги поттикнеме луѓето да се активираат во насока на заштита и свесност за животната средина, изјави Вања Манова Регионален директор на Mastercard за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

Според едно ново истражување за одржливоста, нарачано од Mastercard, како резултат на КОВИД-19, се бележи зголемување на заинтересираноста на клиентите за заштита на животната средина. Повеќе од две петтини од жителите на Европа што учествувале во истражувањето (48 %) сметаат дека намалувањето на нивното влијание врз емисиите на јаглероден диоксид е далеку поважно сега во споредба со ситуацијата пред пандемијата. Сето ова укажува на еден растечки тренд кон еколошки свесно трошење и консумеризам меѓу луѓе што сакаат чинот на купување и добивање поени или награди да го претворат во дејство со одредена тежина за доброто на планетата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...