Македонија

„Кристал 1923“ ќе ја инвестира ланската добивка

14 апр 2021
Остварената чиста добивка од работењето на прехранбената индустрија „Кристал 1923“ за 2020 година изнесува 14,63 милиони денари.
 
Како што соопшти компанијата на Македонска берза, се предлага до собранието на компанијата добивката да се употреби и распредели за инвестирање во деловни проекти во интерес на осовременување на процесот на производството во друштвото.
 
Дополнително, компанијата соопшти и за промена во сопственоста на акциите во компанијата.
 
Во согласност со член 38 од Правилата за котација на Македонска берза акционерот „Бане комерц трејд“, по пат на берзанска трансакција се стекна со 300 обични акции издадени од „Кристал 1923“ и во моментов поседува 33.929 акции, што претставува 6,57% од вкупниот број на акции или 8,3% од обичните акции, стои во соопштението на „Кристал 1923“


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...