Македонија

„Свислион“ е нов партнер на проектот „Нула глад“

18 јан 2021

„Свислион“ – Скопје се приклучи на активностите на Општина Центар и „Банка за храна“ – Македонија за подготовка на месечни пакети што се доставуваат до семејствата со висок социјален ризик, соопштија од Општина Центар.

Општина Центар, компанијата „Свислион“ и невладината организација „Банка за храна“ – Македонија потпишаа меморандум за соработка во редовните активности поврзани со проектот „Нула глад“. Проектот има за цел да им помогне и да ги поддржи социјално загрозени семејства.

Им се заблагодаруваме на управителот Александар Јаниќ и на „Свислион“, кои со овој чекор служат за пример и на други компании да бидат општествено одговорни и да придонесат во секојдневните општествени процеси, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Со проектот „Нула глад“ во Општина Центар, по претходно добиен список од Министерството за труд и социјална политика, 150 семејства со висок социјален ризик месечно добиваат пакети со храна и хигиенски производи.

Со потпишувањето на меморандумот, „Свислион“ им се приклучи на досегашните партнери на проектот – маркетите: „Рамстор“, „Кам“, „Веро“, „Тинекс“, „Жито“, „Стокомак“ и „Гранап“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...