Македонија

dm донира респиратори во вредност од 36.600 евра

24 ное 2020

Компанијата „дм дрогерие маркт“ донира два респиратора во вкупна вредност од 36.600 евра како придонес во борбата против коронавирусот, но и за да ја подобри опремата за хронично болните пациенти што се лечат во болниците во земјава. 

Респираторите се донирани во Министерството за здравство, кое ги пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

На ниво на целата групација донирани се вкупно 15 респиратора – анестезиолошки вентилатори Primus од германскиот производител „Драгер“. Со тоа, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски синџир во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.

Паралелно со успешните резултати што ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која дејствуваме. Тоа не е само гест на благодарност или обврска, туку одговорност и придонес за подобар живот на луѓето во земјава. Во моменти кога како општество сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратора од ќе бидат од помош во борбата со пандемијата, но и дека ќе помогнат за лечење на пациентите со хронични болести, на кои не смееме да заборавиме, изјави Предраг Петровиќ, член на управата на dm вo Србија и С. Македонија.

Компанијата „дм дрогерие маркт“ неодамна одбележa 7 години успешно работење на македонскиот пазар, со остварен промет од речиси 1,1 милијарда денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



ССМ: Субвенциите за новиот пакет мерки да се дадат директно на работниците

12 јан 2021

Од 21 јануари угостителите ќе работат до 21 часот

12 јан 2021

„Бучен Козјак“ во соработка со Мој воздух постави мерни станици во повеќе градови

12 јан 2021

СКСЗМ: Корона-кризата згасна над 4.000 компании

12 јан 2021

„Соко Горица“ доби финансиска поддршка за развој на нови технологии

12 јан 2021

Земјава годинава домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар

12 јан 2021
Вчитува уште новости...