Македонија

Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува

24 ное 2020

И по десет месеци од новонастанатата состојба што ја предзвика корона вирусот, се уште сме во неизвесност. Треба да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Во текстот „Еден вирус, многу прашања, малку одговори“, објавен на интернет страницата на Стопанската комора, Азески истакнува дека се оствариле сите предвидувања изнесени во март годинава.

Во изминативе десет месеци бевме сведоци на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете се: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште не… Има ли вирус, нема ли вирус? Вештачки е произведен или природата ни враќа? Треба да се преземат заеднички мерки или поединечни мерки на ниво на држава и регион? Додека тоа се дискутираше, пандемијата се прошируваше со огромна брзина – наведува Азески.Ќе настане голема неликвидност, ќе се доведе во прашање капиталот на компаниите, ќе има застој во снабдувањето и продажбата, беа дел од предвидувањата и предупредувањата на бизнис заедницата што ги изнесе Азески.

Според него, најмалку штети ќе има ако економијата и целото пштество се доведат на ниво на хибернација, но на стабилен и контролиран начин што подразбира диригирана и координирана активност меѓу државата, бизнисот и поединецот. Особено е важно, во состојба на хибернација економијата да се сведе на минимум функционалност, а тој минимум може да се обезбеди само со средства од државниот Буџет. Алтернативата е „неконтролираниот хаос“ кој може да настане.

Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои, пишува Азески.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



ССМ: Субвенциите за новиот пакет мерки да се дадат директно на работниците

12 јан 2021

Од 21 јануари угостителите ќе работат до 21 часот

12 јан 2021

„Бучен Козјак“ во соработка со Мој воздух постави мерни станици во повеќе градови

12 јан 2021

СКСЗМ: Корона-кризата згасна над 4.000 компании

12 јан 2021

„Соко Горица“ доби финансиска поддршка за развој на нови технологии

12 јан 2021

Земјава годинава домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар

12 јан 2021
Вчитува уште новости...