Маркетите „Зендолино“ донираа 125 брзи ковид тестови за потребите на Клиничката болница во Штип.
Станува збор за тестови од фирмата „Абботт“ кои бесплатно ќе бидат користени за брза детекција на вирусот на пациенти на кои тоа им е неопходно.
Ние сме први којшто донираме брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип. Ова не ни е прва донација, сме донирале и претходно, но овојпат со поинаков карактер. Огромно е задоволството што во вакви тешки моменти можеме на некој начин да придонесеме и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Гестот е со хуман карактер, и со цел да се потикнат и останатите приватни компании да донираат и да помогнат во спречувањето на ширење на корона вирусот, рече сопственикот на „Зендолино“ маркети, Ѓоше Зенделов.
Синџирот маркети „Зендолино“ е присутен и во Кочани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.