Македонија

Владата ќе воведе 30 дена кризна состојба на цела територија на земјата

19 ное 2020

Советот за безбедност ќе ѝ предложи на Владата да воведе кризна состојба на територија на целата земја во траење од 30 дена, е одлучено по денешниот состанок кај претседателот на државата. Воведувањето ваква кризна состојба нема никаква врска со воведување полициски час, ниту со какви било други рестриктивни мерки.

Кризната состојба ќе овозможи армијата да дава поддршка на територијата на целата земја, слично како што сега е случај на северната и јужната граница, каде што одамна има кризна состојба поради мигрантите.

Во кризна состојба има законска можност владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација, туку евентуално за нивно управување, но само таму и во обем за кои владата ќе процени дека е потребно,  изјави шефот на државата, Стево Пендаровски.

Тој објасни дека за сите услуги кои што приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе добијат обесштетување, односно компензација.

Нема да биде национализација, па да имаме нов газда, туку државата ќе биде менаџер во наредните 30 дена. Законски, обесштетувањето не може да биде повеќе од 30% од пазарната вредност, рече Пендаровски. .

На располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни болници и приватни поликлиники, како и кадарот кој што таму работи.

Премиерот Заев кажа дека кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утревечер.

 


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...