Македонија

Продолжуваат консултациите за законот со кој недела би била неработен ден

17 ное 2020

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ги продолжува консултациите за иницијативата недела да биде прогласена за неработен ден.

Согласно прифатената иницијатива на Владата, недела да биде неработен ден и задолжувањето како Министерство за труд и социјална политика да изготвиме законско решение, изминативе денови имаме интензивни работни средби со претставници на сите засегнати страни. Синдикатите, стопанските комори, Организација на работодавачи со кои заедно со претставници од министерствата за економија, финансии, информатичко општество, разговаравме и ги отворивме сите прашања, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение, соопштија од Министерството по средбата на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со претставници на Независната угостителска комора.

Од Министерството за труд потсетуваат дека оваа иницијатива е со цел денот недела биде ден за семејството, но ќе има исклучоци за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...