Македонија

Економско-социјалниот совет позитивно го оцени предлогот недела да биде неработен ден

16 ное 2020

Предлогот недела да биде неработен ден е позитивно оценет од страна на Економско-социјалниот совет(ЕСС) во кој членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како социјални партнери.

На состанокот со кој претседавала министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, било констатирано дека сепак мора да има исклучоци од оваа одлука особено за оние дејнсоти кои се оценети како специфични, односно нивното функциониарње не смее да запре. Такви се индустриите и производството, како и дејнсотите кои се од витално значење за граѓаните како што се здравството, полицијата, противпожарната служба и други.

Со оглед на тоа дека се работи за комплексно прашање, изминатите денови беа направени бројни средби и консултации со сите засегнати чинители во процесот со цел изнаоѓање на најприфатливо решение кое ќе биде резултат на заеднички договор, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Разговорите продолжуваат и во следните денови, но се очекуваат и дополнителни анализи кои ќе придонесат во изработка на првичната драфт верзија, после која повторно ќе се направат консултации.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

19 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

19 ное 2020

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

19 ное 2020

„Зендолино“ маркети донираа брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип

19 ное 2020

Вкупно 400 компании ќе добијат финансиска помош од 17,2 милиони евра

19 ное 2020

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

19 ное 2020
Вчитува уште новости...