Македонија

Органски производи за струшките матични лекари од „Нелкоски органик фуд“

13 ное 2020

За луѓето кои се во првите борбени редови за здравјето на нацијата! Ви Благодариме!, со овие зборови „Нелкоски органик фуд“ симболично достави свои производи до сите матични лекари на територијата на општина Струга.

Ова е мал гест од наша страна со кој сакаме да им изразиме почит и благодарност на лекарите кои се на прва линија во борбата против ковид. Веруваме дека ова ќе им покаже дека има многу луѓе и компании кои ја ценат нивната посветеност и жртва за доброто на граѓаните. Сметаме дека треба многу повеќе да се придонесе за матичните лекари а и сите лекари, кои секојдневно се соочуваат со предизвици во ова тешко време, изјави Бошко Нелкоски, директор на „Нелкоски органик фуд“.

ЗАУМ органик произведува органски производи: путери од лешник, лешник со мед, чоко намази, кралски намази, печен и свеж лешник.. и нивната палета на органски производи секојдневно се зголемува. Компанијата извезува во Австрија, Германија, Швајцарија, Австралија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...