Skopje Marketing Summit

Филип Петровски: Анатомија на маркетерот на иднината

26 апр 2021

На претстојниот Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, ќе зборува Филип Петровски на тема „Анатомија на маркетерот на иднината“ (data-driven вештини што треба да се совладаат).

Филип е основач и CEO на Data Masters, компанија специјализирана во областа на Data Science. Тој е магистер за информациски менаџмент, специјализиран во бизнис-интелигенција и менаџмент на знаење. Работел на големи проекти во Португалија, Бразил и во Македонија, со фокус на развој на аналитички решенија, автоматизација на тек на информации и изработка на решенија со предиктивни модели за различни области.

На онлајн-настанот кој ќе се одржи на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, Филип ќе зборува за data-driven вештините што треба да се совладаатSkopje Marketing Summit ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://mk.marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...